ВИДЕО: Експлозија во фабрика за огномет во Турција - повредени 10 лица, се стравува дека заробени се 200 луѓе во зградата

По серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија, повеќе од 150 работници останале блокирани под урнатините, а повредени се најмалку 56 лица.

Засега нема информација за загинати лица.

Гувернерот на провинцијата Четин Октај Кадирим изјави дека на местото на инцидентот веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи, но поради зачестените експлозии не можат да интервенираат во фабриката.

Експлозијата во Хендек се слушнала на далечина од десетина километри, објавија локалните медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа