ВИДЕО: Две години не заспале поради мизтериозниот звук - одлучиле да го срушат ѕидот и да видат што има

Брачен пар со ноќи не можел да спие поради необичниот збук во нивната спална соба. Тој звук две години ги излудувал.

Парот слушал необично зуење во ѕидовите на својата спална соба, а тој звук не можеле да спијат. Потоа одлучиле да го срушат ѕидот и откриле дека станува збор за огромна кошница од дури 80.000 пчели кои изградиле огромно гнездо во ѕидовите на нивната куќа во градот Пино Пуенте во близина на Гранада.

На помош го повикале локалниот пчелар Серџа Гуерера кој ја отстранил големата кошница. Пчелите зазеле голем дел од ѕидот и се рашириле скоро низ целиот ѕид. Гуереро е пчелар аматер кој на луѓето им нуди услуги при отстранување на кошници со пчели од нивните домови, а притоа пчелите не ги убива.

Во врска со овој случај тој кажал дека не сфаќа како луѓето можеле две години да живеат со толку пчели.

-Ми требаа седум часа да ја извадам кошницата, да ги ослободам пчелите и да ги вратам во природа - рекол Гуереро, кој со помош на посебен систем за всмукување ги извадил сите пчели и потоа ги однел на сигурно.

-Факт е дека овие пчели настанале во ѕидот од куќата поради климатските промени, бидејќи има се помалку стебла - рекол Гуереро.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега