ВИДЕО: Два судири за неколку минути во Чешка - од еден автомобил скоро ништо не останало

Лизгавите патишта често се причина за несреќи, а тоа го покажува и снимката од чешкиот град Киншперк.

Чешката полиција објавила снимка на која е забележано како во рок од неколку минути избиле два судири.

Имено, прво еден автомобил се судрил со пожарникарното возило. Автомобилот излизгал понатаму, а потоа со голема брзина наишол уште еден и удрил во пожарникарното возило кое одлетало неколку метри и направил пресврт од силниот удар.

Автомобилот бил скоро целосно смачкан, а вистинска среќа е дека немало мртви.

Двајцата повредени се превезени во болница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2019 - 18:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега