ВИДЕО: Душица гледала како ѝ го крадат бебето - пред болницата во Круешвац дошол автомобил од Германија

Душица Лазиќ од Крушевац гледала како ѝ го крадат бебето од породилиштето на 23. април пред 32 години, открива за Курир,рс Радиша Павловиќ, претседател на Владината комисија за исчезнати бебиња.

Павловиќ направил реконструкција на кражбата на бебето пред крушевачката болница. Душива Лазиќ, жената на која ѝ било украдено бебето е и единствен сведок на тој чин.

Како што раскажала таа за Курир.рс, не знаејќи што ќе се случи утрината, од прозорот здогледала жолт мерцедес со германски регистерски таблички во кои докторка во 01:30 часот по полноќ внела бебе и го ставила на задното седиште.

-Жената влезе во автомобилот, а докторката ѝ стави завиено бебе во корпа, а потоа се ракуваа. Докторката потоа се сврте кон човекот кој беше прокелав и имаше бркови, го бакна, а тој ѝ рече: „Ова нема никогаш да ви го заборавам“. Утрината кога не ми го донесоа бебето, сестрата ми рече дека докторот ќе ме извести што е со моето бебе“, рекла Душица.Таа вели дека набрзо дошол докторот и ја известил дека бебето ѝ починало. Кога Душица му рекла дека не му верува, докторот ѝ удрил шлаканици, а потоа ја врзале за кревет.

Погледнете ја приказната на Душица:

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега