ВИДЕО: Дупката која се отвори по разорниот земјотрес во Меченчани се уште се шири- Длабока е пет метри а широка 20

Најголемата дупка што се отвори во земјата во хрватското село Меченчани, во близина на Петриња по земјотресот во таа област, продолжува да се шири.

Дупката, широка дваесетина метри и длабока најмалку пет метри, е оградена, а по геолошки прегледи ќе се одлучува за можна рехабилитација, утврдија денеска геолозите.

"Тоа е колапс предизвикан од комбинација на суфузија и распаѓање на варовнички камен под почвата натопена со вода. Малите честички се мијат и се создаваат шуплини, а земјотресот беше причина за тоа да се случи во такви размери", изјави за Хина Јосип Терзиќ, раководител на Одделот за хидрогеологија. и инженерска геологија на Хрватскиот геолошки институт.

Тој исто така рекол дека по обиколката во областа околу селото меѓу Петриња и Хрватска Костајница, пријавени се околу триесетина дупки, од кои некои се во непосредна близина на куќите, или како најголемата, на нива.

Додал дека ситуацијата во пошироката област наскоро ќе се сними со беспилотни летала со цел да се утврди дали има повеќе дупки во земјата во околина.

Периодов серија силни земјотреси ја погодија територијата на Хрватска, токму во регионот на Петриња, град кој претрпе огромни материјални штети по најсилниот потрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер кој се случи на 29 декември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега