Видео: Драматично спасување - дедо бил заробен во возило кое тонело, а тие сториле се да го спасат

Минувачи во американскиот град Рокфорд, успеале во последен момент да го извлечат 70-годишниот возач од потопен автомобил. Тој поради невремето бил заробен во возилото.

Незапаметени дождови со голема брзина ги потопиле улиците во Рокфорд, така што возачите не успеале да се извлечат од улиците или барем да ги паркираат автомобилите. За среќа нема пријава за повредени или исчезнати.

Меѓутоа, сепак еден возач бил заробен среде пат во своето возило, а овие момчиња тоа го забележале.

Храбро скокнале врз возилото, ги скршиле прозорите и почнале да го извлекуваат дедото од потопениот автомобил.

За среќа, сѐ добро се завршило.

 

 

 

20.06.2018 - 07:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега