ВИДЕО: Драматично слетување на авионот на рускиот претседател - и покрај густата магла Путин морал да слета на аеродромот

Авионот на рускиот претседател Владимир Путин пред неколку дена едвај слетал на аеродромот во Бишкек поради густата магла, откриле пилотите на претседателскиот авион во емисијата на телевизија Русија 24.

Путин на 28. ноември престојувал во престолнината Киргизија на состанок со Организацијата за договори за колективна безбедност, а пилотите откриле дека проблемите набрзо почнале после полетувањето од аеродромот во Санкт Петербург.

Временските прилики се влошиле, а видливоста како што велат, била помала од 500 метри.

„При слетувањето пистата не се ни наѕираше“, рекол еден од пилотите.

Искусниот екипаж, сите одлуки за слетувањето ги носел трезвено и немало никаков ризик по Путин и другите патници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега