ВИДЕО: Драматично апсење во Будва - специјалци ги тепаат граѓаните, се слушаат вресоци, уапсен и градоначалникот

Во драмата која од утрово се случува во Собранието на општина Будва, кога припадници на полицијата насилно влегле и го уапсиле градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ и припадникот на Собранието на општина Будва, Крсто Радовиќ, повредени се повеќе луѓе.

Уапсен е и секретарот за инвестиции Младен Микијељ, како и синот и братот на Марко Царевиќ.

Како што се слуша на една од снимките од местото на настанот Царевиќ бил брутално претепан, пренесува IN4S.

Полицијата упаднала во општината, ги апсела и граѓаните, пренесува IN4S.

Таа употребила и хемиски средства, а скршени се и стаклата на зградата на Општината.

Да потсетиме, општински функционери и граѓани се собрале рано утринава во просториите на Општина Будва, откако десет комбиња полни со полициски службеници дошле во Будва.

Како што пишува IN4S Ѓорѓе Вујовиќ. поранешен претседател на СО Будва и актуелен советник на претседателот на општината, бил претепан и фрлен од скалите. Се наоѓа во болница со сериозни повреди на кичмата.

Царевиќ и останатите функционери се во одделението на ЦБ Будва со повреди, но како што пишува IN4S, не сакале да ги однесат во болница, туку таму доаѓала амбулантна кола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа