ВИДЕО: Драматична глетка од Карабах, ранети цивили не можат да спијат од болки - „Не можам да дишам“

Конфликтите меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах не се завршени, меѓутоа некои цивили и понатаму страдаат од последиците од крвавите борби.

чДвете страни се обвинети дека во конфликтите користеле забранети бомби, а двете страни исто така овие наводи ги негирале.

Меѓутоа, групите за заштита за човечки права ги потврдиле овие информации и го нарекле нивното распоредување „очигледно непочитување на цивилниот живот“.

Би-Би-Си направи репортажа со луѓето кои се повредени во жестоките напади. Тие истакнуваат дека поради страшните болки не можат да спијат.

Еден од нив, Змаин Бандалијев открил што доживеал, дека во еден ден бил ранет и за малку ќе умрл.

„Само што изглгов од дома, одеднаш слушнав звук и силна експлозија. Слушнав звук, но не се сеќавам на ништо затоа што се онесвестив“, се потсетил тој.

Веднаш бил однесен во болница, а тој вели дека навечер не може да спие затоа што болката постојано го буди. На снимката може да се видат повредите кои Замин ги добил, а тој додал дека не може да дише и да зборува многу.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега