ВИДЕО: Драма во средно училиште во Србија - влегол со пушка и торба полна експлозиви во училница и почнал да пука

46-годишниот Г.Т. упаднал во Економско-угосителското училиште „Вук Караџиќ во Велика Плана и испукал два куршуми од автоматска пушка во таванот.

При пукањето никој не се здобил со повреди, а осомничениот го совладал професорот Славољуб Стојадиновиќ.

„Тоа се случи за време на шестиот час, ме повика мојата ученичка да дојдам од фискултурната сала и ми рече дека вооружено лице е кај нив во училница. Истрчав од салата и чукнав на вратата и го видов колегата како седи на катедрата. Од десната страна видов вооружено лице со полна торба експлозив. Го прашав кој е тој, но не ми кажа“, рекол за Курир.р професорот Стојадиновиќ кој го совладал напаѓачот.

Тој рекол дека во еден момент мажот погледнал кон таблата.

„Тогаш им наредив на децата да излезат надвор. Јас брзо се изборив со него и успеав да го совладам. Си ја повредив раката за време на борбата“, рекол храбриот професор.

Напаѓачот бил уапсен од смедеревската полиција, а се наведува дека осомничениот е од околината на Велика Плана.

„Осомничениот денеска упаднал во Средното економско-угостителско училиште и испукал два куршуми во таванот“, било наведено во соопштението на српското МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2019 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега