ВИДЕО: Драма во Аризона - маж ѝ се заканувал на полицајка со нож, а таа пукала во него

Маж од Финикс во Аризона, пред неколку дена се заканувал дека во близина на маеркет ќе ги избоде луѓето. Драмата не била завршена ни по доаѓањето на полицијата.

Имено, мажот потоа почнал да ѝ се заканува на полицајка дека ќе ја убие.

Целиот настан се одиграл на паркингот на еден маркет и се било забележано со камера. Мажот ѝ се заканувал на полицајката, а на крајот таа пукала во него.

Снимката од местото на настанот ја пренеле бројни локални американски медиуми.

На снимката се гледа како полицајката цело време му вели на мажот да го спушти ножот и да прекине со нападот. Тој не реагира на предупредувањата и продолжува да се движи кон неа, заканувајќи ѝ се.

Кога на крајот ѝ се доближил на помалку од метар, таа го употребила огненото оружје кое го држела во раце.

Мажот завршил во болница. Никој друг не бил повреден во овој инцидент.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа