ВИДЕО: Драма на вонредната седница во Парламентот - австриска пратеничка држела говор за канцеларот Курц, па колабирала

Опозициската пратеничка во парламентот на Австрија, Ева Марија Холцлајтнер, колабирала денеска во текот на расправата на седницата посветена на истрагата против поранешниот канцелар Себастијан Курц.

Вонредната седница на австрискиот парламент, посветена на кризата на владата настаната поради истрагата поради поранешниот канцелар Себастијан Курц, во еден момент паднала во втор план.

Имено, австриската пратеничката Ева Марија Холцлајтнер паднала во несвест додека се обраќала од собраниската говорница.

Пратеничката на опозициската Социјалдемократска партија на Австрија (SPO) колабирала без последици во текот на својот говор за Себастијан Курц, а колегите од парламентот веднаш и притрчале на помош.

14.10.2021 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега