ВИДЕО: Драч како буре барут - во подрум од хотел канистери со 6.000 литри бензин, со нов земјотрес може да избувне експлозија

Сопственикот на хотелот „Љубљана“ во Драч ги повика надлежните служби затоа што во подрумот на објектот има канистери со 6.000 литри бензин.

Другите медиуми, пак, пренесуваат дека станува збор за 260 литри.

Сопственикот не се пожалил на штета од разорни размери, но предупредил дека ново тресење на тлото може да предизвика експлозија.

Полицијата го обезбедила подрачјето, а пожарникарите се на лице место.

На истата улица има уште еден хотел, во кој три лица се заробени под рушевините.

Да потсетиме, Албанија ја погодија силни земјотреси со јачина од  6,4 и 6,5 степени според Рихтерова скала, а епицентарот беше недалеку од Драч.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2019 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега