ВИДЕО: Доктор ставил шест заштитни маски на своето лице, па гледал што се случува со нивото на кислород во крвта

Доктор од Даблин снимил видео во кое што покажал како носењето заштитни маски не го намалува нивото на кислород во крвта.

Своето видео го објавил на социјалната мрежа Твитер, а во меѓувреме истото станало вирално.

Од почетокот на пандемијата, а особено откако носењето заштитни маски стана задолжително во затворени простории, може да се прочита тврдењето дека тие не само што помагаат, туку и штитат.

Д-р Маитиу О Туатаил, снимил видео со кое што сакал да докаже дека со носењето на заштитните маски не се намалува нивото на кислорот во крвта кај човекот.

„Пациентите постојано ме прашуваат дали се намалува нивото на кислород доколку носат заштитни маски. Тоа прашање го поставуваат поради тоа што го прочитале на социјалните мрежи. Покривањето на лицето со заштитна маска не го намалува нивото на кислород.

Ставив шест заштитни маски на моето лице, а тоа немаше никаков ефект на нивото на кислород во мојата крв“ - напишал тој на социјалната мрежа Твитер покрај поставеното видео.

Многубројни корисници на Твитер ја поддржале оваа негова констатација, заклучувајќи дека носењето на заштитните маски не е непријатно, но доколку со тоа ги штитат оние најзагрозените тогаш секако дека ќе продолжат да ги носат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.07.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа