ВИДЕО: Доделена Нобеловата награда за мир - премиерот на Етипија е добитник на престижното признание

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед е добитник на Нобелова награда за мир за 2019 година.

Ахмед важеше за фаворит за наградата поради тоа што ја заврши 20-годишната војна со Еритреја.

„Новрешкиот Нобелов комитет одлучи Нобеловата награда за 2019 година да ја добие премиеро на Етиопија, Абиј Ахмед, поради неговите напорни да го зачува мирот и поради меѓународната соработка, како и своите напори да го реши конфликтот на границата со соседна Еритреја“, рекол портпаролот.

Станува збор за конфликт поради спорната гранична територија која во двете земји зема голем број жртви и нанесе големи штети.

Ахмед стана премиер во април 2018 година, а во таа земја ја донесе либералната реформа. Ослободи илјата опозициони активисти од затвор и дозволи враќање дома на оние кои биле приморани на егизл.

Наградата вредна 900.000 дола ќе му биде врачена на 10. декември во Осло.

Меѓу фаворитите за овогодинешната награда беа и најпознатата активистка на денешницата 16-годишната Грета Тунберг од Шведска која се залага за борба против климатските промени.

Нобеловата награда за мир минатата година ја доби Надиа Мурад, некогашна робинка на Исламската држава. Меѓу добитниците се и Нелсон Мандела, Мајка Тереза и Барак Обама.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.10.2019 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега