Државната изборна комисија вечерва на седница соопшти дека во четири општини (Гостивар, Центар Жупа, Маврово-Ростуше и во Врапчиште) ќе се одржи прегласување затоа што не е исполнет цензусот на излезност.
Според Изборниот законик, за изборите да бидат успешни, треба да излезат најмалку една третина од гласачите, односно 33,33%.
На локалните избори вчера во Гостивар имаше 33,31%, Врапчиште – 25,18%, Маврово и Ростуше – 30,31% и Центар Жупа – 21,49%.