ВИДЕО: ДИК ги соопштува официјалните резултати од првиот круг од изборите

Државната изборна комисија на јавна седница во моментот ги соопштува официјалните резултати од првиот круг од гласањето на локалните избори.

Прелиминарните резултати покажаа дека се избрани градоначалници во 34, од вкупно 80 општини. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 17 октомври освои 17 градоначалнички места, СДСМ 8, а ДУИ три.

Во втор круг ќе се гласа за избор на градоначалник во 44 општини и во Град Скопје. Прегласување ќе има во Центар Жупа и Маврово Ростуше бидејќи во првиот круг немало излезност од најмалку една третина од запишаните избирачи.

23.10.2021 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа