ВИДЕО: „Девојки засрамете се, зарем така ниско“ - влегле во бутик, па за неколку секунди украле патики

Се повеќе има очајни сопственици на бутици и продавници,на кои разбојниците „им го земаат лебот од уста“ со својот „занает“, а една од нив е и сопственичката на еден бутик во Белград, која објавила видео на својот Инстаграм профил од кражба во нејзиниот бутик, барајќи ги двете девојки од снимката кои од бутикот изнеле патики.

„Зарем така ниско???! Девојки еееј! Да дојдевте и да бевте искрени, а немате пари - па не е срамота! Не е срамота да се нема, што ви е на вас, зарем да крадете? На снимката се добро се гледа, вие двете или дури и три се уигран тим. Вие се занимавате со ова. Еееееј зарем ова!!!????? Па некој ве познава, некому сте сестра, другарка, девојка, па како немате срам - напишала сопственичката на бутикот во опис на видеото кое го објавила на Инстаграм.

-Бутикот беше полн, девојката која работи и јас бевме таму секако, но тие го искористиле моментот, биле кај вратата и само ја имале таа среќа во секунда да не видиме, ете. Згрозена сум - напишала сопственичката која бара од луѓето кои ги познаваат девојките од снимката да ѝ се јават.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега