ВИДЕО: Девојка изеде радиоактивно јаболко од Чернобил - Најопасното место во светот

Откако HBO ја објави серијата Чернобил која е буквално апокалиптична и ја покажува големата чернобилска несреќа поради која многумина починаа во големи маки и од тешки болести, се разбуди интересот за Чернобил.

Во Черновил на 26. април 1986. се случи најголемата несреќа во историјата на нуклеарните централи и до денес единствен случај на седми степен на нуклеарен настан според Меѓународната скала на нуклеарни настани.

Во 1 часот и 23 минути дошло до експлозија, а дошло до ланец од неколку експлозии и пожари кои создале радиоактивен облак во атмосферата кој потоа се раширил над широк географски регион. Радиоактивниот облак бил 30-40 пати поголем од оној што настанал над Хирошима.

Оваа девојка која се занимава со Чернобил од 2012 година не се плаши да го посетува толку често ова место што не носи ниту заштитна маска, допира се со голи раце, па дури јаде и радиоактивни јаболка.

 

За потсетување, Чернобил е пуст денес.

Експлозијата се случила на четвртиот реактор на нуклеарната електрана „Ленин“, во 01:23 26 април 1986 по московско време. Главна причина за несреќата пред сè била недоволно испитаната технологија на овој тип реактор и негова нестабилност при ниска сила на реакторот, но исто така не треба да се занемари човечкиот фактор, лошото управување и недоволното искуство на операторот со реакторот. Таа ноќ кога се случила несреќата, била предвидена реализација на експеримент на реакторот. Кога тестот започнал, опреаторите започнале со намалување на силата на реакторот. Реакторот бил со сила од 200 мегавати и бил многу тежок за контролирање, и затоа операторите извадиле голем број на шипки за регулација.

На 1 јанури 2006 година во Украина 2.594.071 лица имале статус на настрадани од Чернобилската катастрофа. Нагло, скоро за 1,8 пати пораснал контингентот на категоријата на инвалидите на Чернобил. Најмногу (24%), поради смрт, се скратил бројноста на учесниците во расчистувањето на последиците од хаваријата во 1986-1987 год. Тоа зборува дека токму првиот бран од спасувачите, мажи на млада возраст, почувствувале најсилен удар врз здравјето – тие постепено умирале. Во Украина може да се избројат повеќе од 17.000 семејства, коишто добиваат помош и повластици, како последица од губење на хранител, чија смрт е поврзана со Чернобилската катастрофа. Такви семејства има во сите региони од земјата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2019 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега