(ВИДЕО) Детали за поврeдените ученици во Турција: Тие биле од Западна Македонија

Учениците и менторот кои ги затекна земјотресот во Турција се од Западна Македонија, неофицијално за Алфа изјавил Марко Георгиевски, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

Учениците се од Техничкото училиште во Гостивар кои преку Еразмус плус програмата и Турската национална агенција се отидена на младинска размена во Турција. Никој од невладиниот сектор во Скопје и во Гостивар не знаеше за која невладина организација станува збор.

Од она што денес можев да го дознаам станува збор за ученици од училишта од Западна Македонија, односно од општините Гостивар и Маврово и Ростуше. Навистина не можев да дознаам која е невладината организација од Гостивар која го работи проектот. И јас преку целиот ден како вас се обидувам да дознаам што повеќе информации, како се  децата во Турција, но и како нивните семејства тука ги преживуваат овие тешки моменти, вели Марко Георгиевски директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, пренесува Алфа.

Двајца од учениците се повредени од кои само едниот полесно, а другиот има скршеници, но никој не е во животно загрозувачка состојба. Дипломат од македонската амбасада во Анкара замина за турскиот регион погоден од земјотресот каде организира евакуација на учениците. МНР отвори броеви за македонските граѓани во Турција и е во постојана врска со надлежните институции.

06.02.2023 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега