ВИДЕО: Десетгодишен Виетнамец нема никој на светот - сам живее и работи на поле и одбива да биде посвоен

Емотивната приказна за 10-годишно момче од руралниот Виетнам кое одбива да биде посвоено откако го изгубило целото семејство, живее само и работи на поле цел ден, растопила срца на многу луѓе ширум светот.

Додека повеќе 10-годишници немаат за што да се грижат, освен да одат на училиште и да уживаат во детството, Данг Ван Кујен поминува денови работејќи на полињата кои го опкружуваат неговиот скромен ден во зафрленото село во Виетнам, пишува Чајна Прес.

„Садам зеленчук и барам било што со што ќе можам да го наполнам желудникот“, рекол тој на новинарите.

Животот никогаш не му бил лесен. Мајката ја изгубил додека бил многу мал и морал да живее со баба му додека татко му се обидувал да најде работа во градежништво.

Ситуацијата драматично се влошила откако неговиот татко починал во несреќа на работа, а бабата повторно се омажила во друго село. Недолго после тоа починала, а тогаш останал без никаква поддршка.

„Не сакам друго семејство ниту посвојување, можам да се грижам сам за себе“, рекло детето.

Тој во моментов се потпира на великодушноста на своите соседи за храна како ориз, а бамбус и зеленчук сам одгледува.

„Единствено што ми е непријатно е додека сум сам навечер“, признал на новинарите.

Откако неговиот учител ја споделил неговата приказна, виетнамските медиуми почнале да пишуваат за него, а поддршка почнала да пристигнува од целата земја. Некои се понудиле да го посвојат, други биле подготвени да донираат залихи.

Момчето никогаш не отсуствувало од училиште. Секое утро се вози на велосипед, посетува настава, а потоа се враќа дома за да ги заврши секојдневните обврски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 08:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега