ВИДЕО: Црногорец уапсен во мегазаплена на кокаин во Америка - „Ми платија 50.000 долари да товарам дрога“

Иван Ѓурашевиќ од Будва е уапсен во една од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД, во која на крајбрежје во Филаделфија американските власти на товарен брод „МСЦ Гајан“ открија 16,5 тона од оваа дрога.

Ѓурашевиќ е црногорски државјанин со престој во Будва, пишува црногорскиот портал Вијести.

Иван Ѓурашевиќ признал дека примил 50.000 долари во кеш за својата улога во истовар на кокаин, а признал и уште еден член на екипажот, Фанофаве Тијасаге. Против двајцата се покренати федерални обвиненија, наведува НБЦ.

Во соопштенитео на надлежниот суд се наведува дека Ѓурашевиќ раскажал дека главниот официр го повикал на палуба кога бродот го напуштил Перу. Кога дошол на палубата видел дека бродскиот кран извлекува мрежа од морето, а уловот биле сини и црни вреќи полни со кокаин.

Американските федерални власти соопштиле дека вредноста на шверцуваниот кокаин е проценета на повеќе од милијарда долари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега