ВИДЕО: Црн чад над Париз - евакуирана железничка станица

 

Париската полиција ја евакуирала вечерва железничката станица Гар де Лион откако пожар зафатил повеќе возила паркирани во близина.

Како што јавуваат француските медиуми, над историското здание се надвива густ облак од чад.

Полицијата соопшти дека пожарот е под контрола, но од околните улици од крајбрежјето на Сена сѐ уште може да се види пламен, јавува АП.

Часовникот кој се наоѓа на влезот на станицата исто така е обвиен во густ чад.

Полицијата соопшти дека некој намерно запалил еден скутер недалеку од станицата во време додека се одржувал непријавен концер, по што пожарот бргу се проширил на околните возила.

Засега нема податоци за евентуални жртви или повредени.

28.02.2020 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега