Патничко возило попладнево целосно изгоре во голем пожар на булеварот што води од Центар кон Аеродром, во близина на трговскиот центар „Три Бисери“.
Поради сериозноста на инцидентот и интервенцијата на противпожарните служби, во овој дел од Општина Аеродром во моментов има голем сообраќаен застој.
Сè уште не е познато како настанал пожарот и дали има повредени.


