ВИДЕО: Цела Србија зборува за обидот на киднапирање на две деца среде бел ден - безбедносните камери снимиле се

Веста дека на мајка во Шабац, среде бел ден и на улица, тројца мажи во жолто комбе се обиделе да ѝ ги земат децата, ги вознемири не само жителите на Шабац туку и цела Србија која ни ден денес не го заборава случајот на малата Маша.

Да потсетиме, тетката на две деца раскажала дека „тројца мажи се обиделе да ги стават децата во комбе и дека од ужасот се спасиле само затоа што нејзината сестра почнала да вреска“. Таа додала и дека сето тоа се случило вчера во Норвешка улица во околу 16:30 часот, како и дека мажите ги влечеле децата и дека мајката се обидувала да ги земе од нивните раце.

Полицијата веднаш реагирала, а на Твитер утрово се појави снимка од безбедносните камери на кои се гледа како жолто комбе поминува покрај млада жена со две деца. На таа снимка жената без брзање поминува улица на семафор, со деата кои трчкаат наоколу. Таа во еден момент се врти кон комбето додека поминува рскрсница така што не се гледа баш најјасно што всушност се случува.

Поедини белградски медиуми известиле дека дошло до пресврт и дека немало никакво киднапирање. Полицијата го истражува случајот кој бил пријавен вчера.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега