ВИДЕО: Цела Италија застана за миг, одржан едноминутен молк

Точно на пладне денеска со едноминутен молк во сите општини во Италија оддадена им е почит на сите кои починаа од вирусот Ковид-19 во таа земја.

Италијанската Влада најави продолжување на мерките на ограничување за уште две седмици, но сѐ повеќе луѓе сакаат да знаат кога може да се очекува крај на карантинот.

Претставниците на општините застанаа денеска пред објектите, со италијанско знаме на половина копје, во знак на жалост и во тишина изразија солидарност со семејствата кои гии изгубија своите најмили, во знак на поддршка на заедниците кои ја плаќаат највисоката цена на епидемијата како и во чест на здравствените работници кои во првите редови се борат против коронавирусот.

Италијанската Радио телевизија учествуваше во одделувањето почит и ја емитуваше „Реквием“ на Џузепе Верди.

31.03.2020 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега