Видеоснимки од синоќешниот концерт на Светлана Ражнатовиќ – Цеца во Велес, што се шират на социјалните мрежи, покажуваат инцидент што предизвика револт кај публиката.

На снимките се гледа како српската пејачка, додека е на бината во СЦ „Гемиџии“, подигнува бугарско национално знаме и го става врз себе.

Публиката веднаш реагирала со гласно исвиркување и негодување.

Потегот се чини ја збунил и самата пејачка, откако до неа пристапил најверојатно нејзин соработник и ѝ сугерирал да го тргне знамето. Откако го направила тоа, таа се обидела да ја смири ситуацијата.

Во обид да ги смири реакциите, Ражнатовиќ подоцна на бината го подигнала и македонското знаме.

Организаторите на настанот и тимот на пејачката сѐ уште не се огласиле во врска со инцидентот.

Exit mobile version