ВИДЕО: Бурата Глорија одзема се повеќе животи - настрадаа 13 лица, 4 се исчезнати

Расте бројот на настрадани во бурата Глорија која го погоди медитеранскиот дел од Шпанија, а локалните власти соопштија дека загинале 13 лица, додека 4 се водат како исчезнати.

Најдено е тело на еден маж на возраст од 50 години, како и 75-годишна жена чија куќа се срушила во градот Алкои, пренесува Би-Би-Си.

Шпанските медиуми објавиле дека настрадале четири лица во Каталонија, пет во Валенсија, две во Андалузија, по едно лице во регионите Кастилја и Астурија.

Источна Шпанија во неделата беше погодена од бура проследена со обилни врнежи, снег и град, како и ветер кој дуваше до 100 километри на час.

Меѓу тешко повредените региони се североисточна Каталинија, каде властите се уште следат неколку реки од страв дека може да се излеат коритата и јужна Андалузија, чии делови биле погодени од изненадна бура со град.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега