ВИДЕО: Бура предизвика поплави во Загреб - дежурни екипи цела ноќ останале на терен, пожарникар починал по интервенција

Силно невреме во околу 21 часот синоќа ја зафати Хрватска и во главниот град предизвика огромни поплави во центарот на градот, а еден пожарникар почина.

Поплавени се повеќе улици, а голем број автомобили останале заробени под вода или се целосно поплавени, поплавени се и подруми од куќи, трговски центри, кафулиња, пренесува порталот индекс.хр

Пожарникарните и дежурните служби цела ноќ биле на терен. Извршиле повеќе од стотина интервенции. Примени биле илјада повици од граѓани, а поплавени се стотина објекти.

Како што е објавено на Фејсбук профилот на Пожарникарната бригада на Загреб, синоќа при интервенција починал еден пожарникар.

Како што е наведено, му се слошило при испумпување на вода во еден стан и починал при интервенција на Брзата помош.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.07.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега