ВИДЕО: Будва под опсада на полицијата - влезот во градот блокиран од сите страни, граѓаните протестираат

После бруталното претепување и апсење на функционерите на Општина Будва, полицијата го блокирала влезот во градот.

Поради бруталното апсење на градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ и претседателот на Собранието на општината, Крсто Радовиќ, голем број граѓани се собрале пред градскиот центар за безбедност и бараат нивно ослободување.

„Пуштете ги чесните луѓе, срам да ви е!“ и „Фрлете ги штитовите“, се само некои од речениците кои ги извикуваат насобраните луѓе кои може да се слушнат на снимките објавени на социјалните мрежи.

Исто така уапсени се и менањрот на Општина Будва, Мило Божовиќ, секретарот за инвестиции Младен Микијељ, Никола Јовановиќ, шефот на кабинетот на Царевиќ, како и Ѓорѓе Вујовиќ, советник на Царевиќ и поранешен претседател на СО Будва.

При апсењето тешко повреден е орѓе Вујовиќ, кој бил претепан и фрлен од скали, пишува  in4s.net. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.06.2020 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега