ВИДЕО: Брза реакција на полицијата - уапсен убиецот на поранешната жена на амбасадорот на БиХ во Пакистан

Осомничениот за убиството на секретарката на Граничната полиција на БиХ, Сенад Басариќ беше уапсен на подрачјето на сараевската општина Нови Град.

Апсењето на Басариќ го потврдил и Мирза Хаџиабдиќ, портпаролот на босанското МВР.

Како што пишуваат тамошните медиуми, Басариќ бил уапсен во Добриња и во моментов е на сослушување во полиција.

Басариќ се сомничи дека ја убил Ирма Фориќ во станот во Добриња, чие безживотно тело било пронајдено таму.

Инаку, Ирма е поранешна сопруа на амбасадорот на БиХ во Пакистан, Сакиб Фориќ.

Се уште со сигурност не се знае дали Басариќ, кој е осомничен за нејзиното убиство, а е државјанин на Германија и БиХ, е нејзин сопруг.

Имено, требало да се венчаат 4 дена пред убиството, но не е познато дали церемонијата се одржала.

За Ирма тоа би бил трет брак.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега