ВИДЕО: Британски работник откри како ќе изгледа болница во Лондон - „Овде се подготвуваат за многу мртви“

Еден британски работник објави на Фејсбук снимка во која опишува како ќе изгледа изложбениот комплекс „Ексел центар“ во Лондон, кога ќе биде претворен во привремена болница за борба против коронавирусот.

Доградувањето на таа болница почна во среда утрината, а Алекс Вудсајт, кој работи на поставување кабли, објави „вонзмирувачка“ снимка на која се гледа како изгледа комплекс од 100.000 квадратни метри во кој, како што наведува, ќе има 4.000 кревети.

На снимката тој истакнува дека не сфатил колку е сериозна ситуацијата кога станува збор за коронавирусот, додека не го видел ова.

„Ако ова не го сфатите сериозно, како што јас не го сфатив, мислам дека навистина ќе мораме да почнеме да се подготвуваме за апсолутно висока стапка на смртност“, наведува Вудсајт.

Во овој огромен објект, еден дел е предвиден за мртовечница.

Британскиот министер за здравје, Мет Хенкок во вторникот рече дека болницата ќе се состои од две одделениеја од кои секое ќе има по 2.000 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега