ВИДЕО: Британка се преплашила од големо јато птици на патот - еден час подоцна затекнала страшна сцена

Хана Стивенс вчера северно од селото Бодедерн во Велс кога одела на лекар забележала огромно јато птици.

Од прилика еден час подона, кога се враќала дома, здогледала како птиите лежат мртви на патот. Му се јавила на својот патнер Дафид Едвардс и му раскажала што се случило.

„Ми се јави на телефон и ми кажа дека не може да верува што видела. Да бидам искрен, ни јас веднаш не ѝ поврував“, рекол Едвардс за Скај Њуз.

Едвардс одлучил да оди на тоа место и сам да види што точно се случило.

„Беше вознемирувачки. Мислам дека имаше над стотина мртви птици. Инстинктот ми велеше дека се отруени, но не знам. Тешко е да е каже“, рекол Едвардс.

Парот ја контактирал полицијата и Агенијата за заштита на животни кои веднаш започнале истрага.

Од организаијата Royal Society for the protection od birds рекле дека се многу загрижени од она што го виделе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.12.2019 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега