ВИДЕО: Братучед ми се чувствува како Албанец - затоа жена му ја вработив на место за Албанец

Роднина на градоначалникот на општина Бутел и кандидат за нов мандат, Велимир Смилевски се пријавила како Албанка.

Новинарот Фуркан Салиу објави кратко видео од прес-конференција каде го прашува Смилевски дали сопругата на неговиот братучед, Сузана Димишкова е Албанка.

ФС: За референт за ликвидатура за финансиско сметководно и благајничко работење отворено е место за Албанец.

ВС: Добро.

ФС: Таа е пријавена како Албанец. Дали е Албанка?

ВС: Кој како се чувствува јас не знам. Чувствата на некој човек не можам јас да...

ФС: Таа е жена на ваш братучед. Тој по националност што е?

ВС: Па изгледа Албанец.

08.10.2021 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега