Видео: Бомба им експлодирала пред прозор - „Се уште сме во шок“

 

Непознат сторител синоќа околу 03:30 часот по полноќ фрлил експлозивна направа во дворот пред семејната куќа на улицата „Иван Венцл“ во Запрешиќ, Хрватска.

Експлозијата ги оштетила прозорците од станот и комбето. За среќа, нема повредени.

„Ние спиевме кога експлодираше. Буката беше многу силна. Во шок сме. Не знаеме кој намерно би ни фрлил бомба“, рекле станарите.

Полицијата го истражува случајот, а увидот е во тек.

 

 

 

13.03.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа