ВИДЕО: Бебе пронајдено живо- се извлекуваат тела од пакистанскипот авион

На местото на уривање на патничкиот авион на пакистанската воздухопловна компанија PIA врз населба во јужниот град Карачи, најдено е живо бебе, пренесуваат локалните медиуми кои јавуваат и дека досега од остатоците се извлечлени 35 тела на настрадани.

На снимките кои ги емитуваат локланите телевизии, се гледа маж кој од областа на падот на авионот изнесува на рацете бебе. Според новинарите, станува збор дека за бебе чие семејство живеело во една од куќите врз кои се урнал авионот, но нема информација за состојбата на неговите родители.

На местото на трагедијата повеќе часови веќе работат припадници на војската, силите за брза реакција и пожарникари.

Електронското издание на весникот Down извести, повикувајќи се на претствници на невладина организација, дека нејзините спасувачи во околните болници префлиле 35 тела на загинати во несреќата. Засега не е познато дали станува збор за жртви од авионот или настрадани на земјата.

Агенциите претходно објавија дека падот на авионот го преживеале едно до две лица. Засега сѐ уште не е познато колку патници се наошале во авионот на летот  PK 8303 од североисточниот град Лахоре до јужниот Карачи. Според авио-компанијата на летот имало 99 патници и осум членови на екипажот, а агенцијата за цивилна авијацијана Пакистанците според листата на патници објави дека меѓу патниците имало 51 маж, 31 ќена и осум малолетни деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега