ВИДЕО: Балашевиќ по преживеаниот инфаркт - „Имам една добра и една лоша вест“

Ѓорѓе Балашевиќ се огласи првпат откако животот му беше во опасност поради инфарктот кој го доживеа и стентовите кои му беа вградени.

„Добрата вест е дека не умрев, баш од прва“, се пошегува Балашевиќ во едно интервју, а потоа објасни како изгледала драматичната ситуација околу неговото здравје.

„Лошата вест е дека тоа не е скок во височина и дека имаш три обиди. Бев во некоја мала фрка, жал ми е што морав да го откажам концертот во Крагуијевац. Бев четири дена во болница, немав операција на отворено срце, малку сум среден. Ми го ставија најдоброто во Институто во Сремска Каменица“, рекол тој, а потоа продолжил да се шегува на своја сметка.

„Беа фер, првпат нешто некој ми стави. Кога и да оди некој на лекар обично нешто се вади, камен на бубрег...Добив четири стента. Ми рекоа дека ќе можам да трчам. Не верувам, не ме прашувајте дали сум добро, нема веќе никогаш да бидам добро, затоа што имам 100 години. Значи не можам да бидам добро. Се надевам дека ќе можам да продолжам таму каде што застанав“, изјави Балашаевиќ во свој стил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега