ВИДЕО: Авион почнал да се распаѓа после полетувањето - делови од моторот паѓале врз куќите

Метални делови од Боингот 787 норвешката компанија Norwegian, кои набрзо после полетувањето се откорнале од авионот, па паѓале како „дожд од метални делови“ врз околната населба.

Над граѓаните кои живеат во населбата недалеку од римскиот аеродром Леонардо да Винчи Фјумичино во саботата паѓале метални делови од авионот со големина од 20 сантиметри, пренесува британски Индепендент.

Еден од жителите рекол дека наликувало на бура од челик и метали и дека поради тоа избегал од дома. На подрачјето Исола Сакра, која се наоѓа јужно од градот и аеродромот, оштетени биле десетина автомобили и куќи, а една личност пријавила и лесни изгореници.

Покрената е официјална истрага за да се утврди што го предизвикало овој инцидент, а засега е познато дека пилото се откажал од планираниот пат за Лос Анџелес и дека со авион се вратил на римскиот аеродром.

Се претпоставува дека деловите паѓале од левиот мнотор на авионот, но уште не е познато за каков дефект станува збор и дали 298 патници во авионот биле во опасност.

Портпаролката на авионската компанија изјавила дека постојат „назнаки за технички дефект“ и додала дека авионот слетал на безбедно.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2019 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега