ВИДЕО: Атиџе за првпат во животот дуваше свеќички за роденден - Сузана Турунџиева ѝ приреди изнандување
Хероината од вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил номиниран за наградата „Оскар“, „Медена земја“ - Атиџе Муратова вчера го прослави 57-от роденден, во едно скопско кафуле.
Пејачката и водителка Сузана Турунџиева, со која се неразделни пријателки во последно време, ѝ приреди изненадување за роденденот.
Таа ѝ донесе торта и свеќички, дел од атмосферата од роденденот сподели на својот Инстаграм профил.
„Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење
Среќен 57ми роденден мила Атиџе“, напиша Сузе во опис на видеото на Инстаграм.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа