ВИДЕО: Арсенал оружје најден на плажа во Сицилија - мафијаштите вешто го спакувале и закопале

Италијанската даночна полиција открила денеска арсенал оружје во два подземни резервоари за вода недалеку од плажата во сицилинајскиот град Катанија.

Принајдени биле пушки, пиштоли, митролез, калашников и околу 300 парчиња муниција, како и уште неколку различни оружја, пренесува италијанскиот весник Анса.

Како што е наведено, оружјето било пронајдено во резервоарите на длабочина од два метри, на дел од земјата која припаѓа на клубот на плажа Ле Капанин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега