ВИДЕО: Албанец нападнал туристи кои се пожалиле на лошата храна во неговиот ресторан - почнал да крши се пред себе

Сопственик на ресторан во Албанија бил уапсен поради физички напад на шпанско семејство и уништување на нивниот автомобил/

Кога петчленото семејство се пожалило на лошата храна и услугата во ресторанот Панорама на југот од Албанија, сопственикот на ресторанот, 51-годишниот Михал Кокедим физички ги нападнал.

Во обид да избега, семејството влегло во својот автомобил со својот водич, а потоа станале сведоци на уште едно дивеење на Албанецот.

Имено, тој скокнал на хаубата и почнал да удира по шофершајбната додека преплашените луѓе набљудувале, а едно лице почнало и да снима, пренесува Блиц.рс

Албанецот со себе имал некој вид ладно оружје со кое успеал да го искрши стаклото.

Кокедим успеал да се држи за автомобилот во движење околу 6 минути, со додека не наишле на полициско возило, пишува Газетатема.

Кокедим бил уапсен поради нападот, а подоцна шпанското семејство било примено од албанскиот министер за туризам кој им се извинил поради претрпената траума.

Инаку, Кокедм и неговото семејство и претходно ги напаѓале туристите, а во 2017 година локалните власти ја суспендирале неговата дозвола за работа.

Меѓутоа, тоа не го спречило да прима гости и понатаму, а поголем број од нив постојано се жалат на услугата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.08.2019 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега