ВИДЕО: Акција на српската полиција - специјалците упаднале во 8 станови, уапсени 8 членови на криминална група

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Србија, Службата за борба против организиран криминал, во соработка со Обвинителството за организиран криминал, уапсиле 8 членови на организирана криминална група и заплениле голема количина наркотици.

Во повеќе одвоени акции, како и при претрес на осум станови и 4 возила кои осомничените ги користеле, полицијата пронашла окллу 14 килограми амфетамин, околу 1,7 килограми хероин, помала количина кокаин и околу 3 килограми смеса за мешање.

Исто така, запленети биле и околу 28.000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, како и три моторни возила.

Осомничените на тероторијата на Белград и други градови во Србија продавале хероин, амфетамин и кокаин, така што дрогата ја пакувале во стаклени и пластечни садови на однапред обележани места, каде купувачите ја преземале и оставале пари.

На осомничените им било одредено задржување до 48 часа, а со кривична пријава ќе бидат приведени во Обрвинителството за организиран криминал.

Видео од апсењето погледнете ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега