ВИДЕО: 103- годишен старец се ожени со 27-годишна девојка

Од крајот на минатиот месец, индонезиската јавност расправа  за контроверзната свадба во Јужен Сулавеси, каде што 103-годишниот холандски ветеран се ожени за 27-годишна девојка.

Фотографиите и видеата на двојката од нивната венчавка повеќе од една недела предизвикуваа бес и хумористични коментари на социјалните мрежи. Имаше и такви кои не можеа да веруваат дека свадбата е вистинска, но неколку индонезиски весници потврдија дека 103-годишниот Пауан Кат се оженил со 27-годишната Алу Аланг во областа Сива.

Зетот, кој наводно е вдовец, се борел во холандската колонијална војна (1945 - 1949 година), пренесува Oddity Central. "Да, точно е. Свадбата се случи ова попладне во куќата на невестата на улицата Јалан Галико", рече братучед на младоженецот Ају Ангрини Мухтар.

-Не ја знам точно неговата возраст, но тој е дефинитивно е постар од 100 години. Тој е холандски колонијален воен борец. Неговата сопруга е уште во дваесеттите години.

06.03.2020 - 22:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега