Вчера во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Демократското движење: Нов крупен чекор кон официјализирање на Вреди во обединета политичка сила
- Избран е новиот врховен лидер на Иран по смртта на Хамнеи
- Внимавајте кога се договарате со мајстори: Старец измамен за 2.000 евра
- Скриен арсенал: Иранското министерство за одбрана тврди дека најмоќното оружје уште не е употребено
- Орбан и напиша писмо на Фон дер Лајен: Зеленски ме уценува
- Вреди наскоро ќе биде една партија
- Повик за евакуација на Македонци од Абу Даби
- Безбедносен штит: Француските „Рафали“ веќе патролираат над Заливот по наредба на Макрон


