УХМР ги измери температурите во 10 часот, на територијата на Македонија. Според синоптчарите, денеска, понеделник, 26.10.2026, најстудено е на Попова Шапка каде се измерени 5 степени.
Велес, Демир Капија и Виница се најтоплите места со 15 степени во 10 часот.
И во Скопје во 10 часот УХМР измери 15 степени, со што и Скопје е на листата најтопли градови.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 km/h.
Минималната температура ќе се движи од 5 до 11 степени, додека максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Од вторник се очекува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во понеделник и вторник наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северен правец. Во петок и за време на викендот се очекуваат услови за врнежи од дожд.


