Вешто измамен брачен пар од Велес: Останале и без дрва и без пари

Брачен пар од Велес бил измамен при купување на дрва.

Вчера во 12:30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес 55-годишната А.М. од Велес пријавила дека истиот ден во нејзиниот дом дошло непознато лице и на неа и нејзиниот сопруг им понудил дрва по цена од 2000 денари по кубен метар. Откако се договориле за купопродажба, лицето заедно со сопругот на пријавителката заминале за да ги видел дрвата. По кратко време лицето се вратило и и рекло дека се договориле со нејзиниот сопруг и дека требало да му даде 4000 денари. Откако му ги дала парите лицето си заминало, а по кратко време пријавителката и нејзиниот сопруг сфатиле дека биле измамени.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2018 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега