Вештакот на Миле Јанакиески: И Нокиа 3310 можела да ги прати СМС пораките

Ексминистерот Миле Јанакиески, обвинет во случајот „ТНТ“, денеска донесе вештак, информатичар од Славјанскиот универзитет во Свети Николе на судењето за да ги оспори смс-пораките со целиот план и со уривањето на објектот, пренесе СДК.МК.

- „Незаконски смс пораки може да се пресретнат од многу страни. Со специјални уреди и електромагнетни бранови може да се пресретнат смс пораки во просторот што се разменуваат меѓу две лица. Може и со копирање на картичка од мобилен телефон, па копијата ќе ги прима пораките. Нелегално пресретнување може да, се врши и до ‘нокиа 3310’, мобилен телефон кој може да се најде на пазарите. Овој мобилен со помош на компјутер може да ги следи комуникациите на кој било број“, рече вештакот повикан од Јанакиески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега