Вес Мичел по Скопје во посета на Белград

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел вечер од  Скопје доаѓа во Белград, во рамките на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Тој доаѓа во Србија во „зовриена атмосфера“ подгреана од провладините медиумите, кои објавија дека носи „косовски пакет“ со план од четири точки за решавањето на косовското прашање.

Самиот државен секретар на САД вчера во Приштина ја демантираше таа информација, за како што кажа „креативното новинарство“, со порака дека неговата посета е со цел да даде поттик на дијалогот меѓу Косово и Србија.

- Не сум тука да откријам некој специфичен план, туку дојдов да разговараме за дијалгот за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Видовме зголемување на руското влијание низ целиот Балкан минирајќи ги демократските институции. Бевме јасни и во нашите дискусии со Русите дека ова влијание не е нивен интерес и во интерес на балканските народи, изјави американскиот државен секретар кој доаѓа во Белград 20 дена после посетата на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.

Од Стејт департментот соопштија дека за време на посетата на Белград, Мичел ќе ги „потврди силните врски помеѓу Србија и САД и ќе ја повика српската Влада да го забрза нормализирањето на односите со Косово, како и да ги спроведе реформите кои се потребни за реализирањето на нејзиниата цел за членство во ЕУ и активно да ја подржи регионалната стабилност. 

Помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Мичел вечерва во Белград ќе има средба со шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. За утре се закажани разговортите со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, како и со опозициските лидери, по што ја продолжува балканската турнеја во Атина и во Никозија.

Како што соопштија од Стејт департментот, во Атина Вес Мичел „ќе разговара за продлабочувањето на американско-грчките стратешки врски и за јакнењето на билатералната соработка во одбраната, енергетиката, трговината и инвестициите“. 

 

 

 

13.03.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа