Верувале или не:Близнаци родени со три години разлика

Верувале или не, Чарли и Џорџина Норман од Велика Британија се брат и сестра близнаци, но се родени со разлика од три години.  Тие се зачнати во исто време со замрзната сперма, откако нивниот татко се изборил со рак на тестисите.

Откако на Ричард Норман му е дијагностициран рак на тестиси, по совет на лекарот одлучи пред отстранување на десниот тестис и хемотерапијата, своето семе да го складира во банката за сперми.

Неколку години подоцна, кога Ричард бил подобро, госпоѓа Норман се подложи на вонтелесно оплодување. Затоа што повеќе ембриони биле успешно оплодени одлучиле веднаш да зачнат едно дете, а другиот ембрион го замрзнат.

Така во 2010 година се родил Чарли , а неговата сестра близначка се родила после три години.

 „Како бебиња беа идентични. Меѓутоа, кога луѓето ќе ги погледнат не можат да поверуваат дека се зачнати во исто време. Што донекаде е и логично, затоа што Чарли е три години постар од својата сестра. Можноста на овој начин да добие деца беше огромна психичка помош за Ричард, додека се бореше со ракот. Дадена му е причина да продолжи да се бори, затоа што очајнички сакаше да стане татко“,раскажува госпоѓата Норман.

25.09.2013 - 10:07

најчитано сега