Верижен судир во Скопје - шест лица повредени

 

Шест лица се здобиле со повреди при верижен судир вчера во Скопје.

Како што информира МВР, вчера утрината во 06:45 часот на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска Бригада“ и ул.„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило„фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од село Грушино,скопско, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од село Миладиновци,скопско и патничко моторно возило„фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од село Брњарци,скопско.Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило„фолксваген туран“ а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега